MLEK Makedonijalek

За нас

Дознај повеќе За нас

Развојниот пат на „Македонијалек“ датира од 1978 година, а со постојана структура и сопственост на капиталот компанијата функционира од 1991 година.

  • Дистрибуција на широк асортиман на производи

    „Македонијалек“ нуди широк асортиман на фармацевтски препарати од домашни и странски производители. Освен тоа, диететиката и козметиката опфаќаат повеќе од 3.500 производи. Првенствено лекови без рецепт, козметички производи, производи за широка потрошувачка, висококвалитетни диететски и козметички производи.

  • Полуавтоматски систем за магацинско работење

    „Македонијлек“ е првата веледрогерија во Македонија со имплементиран полуавтоматски систем за магацинско работење од австриската компанија KNAPP.

  • Брз, безбеден и сигурен транспорт

    „Македонијалек“ располага и со современ возен парк кој опфаќа повеќе лесни возила, пикап фургони, како и комби возила опремени со модерна и софистицирана опрема за температурно контролиран процес на дистрибуција.

ЧПП

Често Поставувани Прашања

Што е „Македонијалек“ ДОО Скопје?

„Македонијалек“ е веледрогерија со долгогодишно искуство во дистрибуција на лекови и медицински производи. Ние обезбедуваме сигурно, навремено и квалитетно снабдување за аптеки, болници и други здравствени установи низ цела Македонија.

Кои производи ги нуди „Македонијалек“ ДОО Скопје?

Нудиме широк спектар на: оригинални и генерички лекови, медицински средства и апарати, хоспитални лекови, гранични производи, додатоци во исхрана и козметика.

Со кого соработувате?

Соработуваме со реномирани домашни и меѓународни фармацевтски производители и брендови. Нашата мрежа ги опфаќа сите клучни играчи во здравствениот систем – аптеки, болници, приватни и јавни здравствени установи.

Дали доставувате низ цела Македонија?

Да, „Македонијалек“ обезбедува достава низ целата територија на Република Северна Македонија, со професионална логистичка поддршка и валидирани системи за дистрибуција.

Како можам да станам клиент?

Можете да нѐ контактирате преку телефон или е-пошта, преку нашата веб-страница или со посета во нашите деловни простории во Скопје.

Дали „Македонијалек“ има потребни дозволи и сертификации?

Да. „Македонијалек“ работи според сите важечки законски регулативи.

Кои се вашите работни часови?

Работиме од понеделник до петок, од 07:30 до 20:00 часот. Сабота од 09:30 до 17:30 часот.

Дали нудите поддршка по продажба?

Секако. Нашиот тим е достапен за техничка и стручна поддршка, информации за производи, помош при нарачки и логистика и ИТ поддршка.

Контакт

Имате прашање? Контактирајте нѐ.

Адреса

ул. Боца Иванова бр.1

Телефон

+389 (2) 261 49 49

Е-пошта

maklek@makedonijalek.com.mk

Испраќање
Вашата порака е испратена. Ви благодариме!