


Визија
Лидери во сегментот на узоз, застапување, промоција, чување и дистрибуција на лекови и широка палета на производи наменети за здравје и за нега.

Вредности
Угледот и честа на „Македонијалек“ се градени со децении, и заедно со интегритетот кој го имаме изгредено ни овозможуваат постојан раст во реализација на нашата мисија и визија.
Квалитет
Квалитетот на нашата услуга е производ на нашето разбирање и почитување на потребите и барањата на нашите соработници.
За нас
Дознај повеќе За нас

Развојниот пат на „Македонијалек“ датира од 1978 година, а со постојана структура и сопственост на капиталот компанијата функционира од 1991 година.
-
Дистрибуција на широк асортиман на производи
„Македонијалек“ нуди широк асортиман на фармацевтски препарати од домашни и странски производители. Освен тоа, диететиката и козметиката опфаќаат повеќе од 3.500 производи. Првенствено лекови без рецепт, козметички производи, производи за широка потрошувачка, висококвалитетни диететски и козметички производи.
-
Полуавтоматски систем за магацинско работење
„Македонијлек“ е првата веледрогерија во Македонија со имплементиран полуавтоматски систем за магацинско работење од австриската компанија KNAPP.
-
Брз, безбеден и сигурен транспорт
„Македонијалек“ располага и со современ возен парк кој опфаќа повеќе лесни возила, пикап фургони, како и комби возила опремени со модерна и софистицирана опрема за температурно контролиран процес на дистрибуција.
ЧПП
Често Поставувани Прашања
Што е „Македонијалек“ ДОО Скопје?
„Македонијалек“ е веледрогерија со долгогодишно искуство во дистрибуција на лекови и медицински производи. Ние обезбедуваме сигурно, навремено и квалитетно снабдување за аптеки, болници и други здравствени установи низ цела Македонија.
Кои производи ги нуди „Македонијалек“ ДОО Скопје?
Нудиме широк спектар на: оригинални и генерички лекови, медицински средства и апарати, хоспитални лекови, гранични производи, додатоци во исхрана и козметика.
Со кого соработувате?
Соработуваме со реномирани домашни и меѓународни фармацевтски производители и брендови. Нашата мрежа ги опфаќа сите клучни играчи во здравствениот систем – аптеки, болници, приватни и јавни здравствени установи.
Дали доставувате низ цела Македонија?
Да, „Македонијалек“ обезбедува достава низ целата територија на Република Северна Македонија, со професионална логистичка поддршка и валидирани системи за дистрибуција.
Како можам да станам клиент?
Можете да нѐ контактирате преку телефон или е-пошта, преку нашата веб-страница или со посета во нашите деловни простории во Скопје.
Дали „Македонијалек“ има потребни дозволи и сертификации?
Да. „Македонијалек“ работи според сите важечки законски регулативи.
Кои се вашите работни часови?
Работиме од понеделник до петок, од 07:30 до 20:00 часот. Сабота од 09:30 до 17:30 часот.
Дали нудите поддршка по продажба?
Секако. Нашиот тим е достапен за техничка и стручна поддршка, информации за производи, помош при нарачки и логистика и ИТ поддршка.
Контакт
Имате прашање? Контактирајте нѐ.
Адреса
ул. Боца Иванова бр.1
Телефон
+389 (2) 261 49 49
Е-пошта
maklek@makedonijalek.com.mk