Кариера
Активни огласи
Во моментов нема отворени работни позиции. Сепак, секогаш сме во потрага по талентирани и амбициозни поединци кои би се придружиле на нашиот тим. Доколку сте заинтересирани за идни можности, може да ни го испратите вашето CV на vrabotuvanje@makedonijalek.com.mk. Ви благодариме за покажаниот интерес да бидете дел од нашата компанија!
Зошто Македонијалек?

Зошто да ни се придружите?
„Македонијалек“ е компанија која негува стимулирачка работна средина, која ја сочинуваат вистински професионалци. Даваме можност за сите подеднакво да го развиваат својот потенцијал и да бидат дел од една успешна компанија.
Секогаш сме во потрага по талентирани и мотивирани поединци кои сакаат да ја градата својата кариера заедно со нас.
Што нуди „Македонијалек“?
Компанија која долги години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис, ориентирана кон континуиран раст и развој.
- Еднаква можност за секого
- Професионален развој
- Интерни и екстерни тренинзи и обуки
- Тимска работа

Тимот на „Македонијалек“
Секој вработен во „Македонијалек“ придонесува за приказната за успешна фармацевтска веледрогерија. Затоа, сите достигнувања се резултат на креативни и одговорни професионалци. Секој ден, генерации успешни вработени придонесуваат за напредокот на компанијата работејќи тимски, комбинирајќи искуство и професионализам. Поттикнувајќи ги нивните иницијативи и независност, овозможуваме развој на идеи и реализација на бројни проекти кои ни носат уште подобри деловни резултати. Знаеме дека успехот на една компанија се заснова на стручноста и мотивацијата на нејзините вработени, и затоа инвестираме во континуирана обука за постигнување максимални перформанси на секој вработен и на тој начин обезбедуваме услови за работа во согласност со најдобрата европска практика.




Како да аплицираш?
Како да аплицираш? – За да аплицирате, испратете ги вашето CV и мотивационото писмо на нашата е-пошта со наслов „Апликација за [позиција]“ или преку формата за аплицирање. Ние ќе го разгледаме вашиот апликациски материјал и ќе ве контактираме во најкраток можен рок.
Придружете се кон нашиот тим и заедно ќе ги постигнеме нашите цели!
Copyright Makedonijalek 2025 © All Rights Reserved