За нас

Историја

Развојниот пат на „Македонијалек“ датира од 1978 година, а со постојана структура и сопственост на капиталот компанијата функционира од 1991 година.

Нашето патување започна со мисија да обезбедиме производи и услуги со врвен квалитет, наменети за здравствена заштита. Со текот на годините, го проширивме нашето портфолио и го зајакнавме нашето присуство на пазарот преку иновации и извонредност. Нашата посветеност за подобрување на здравствените стандарди нѐ етаблира како доверливо име во индустријата.

Со ваква понуда нашите клиенти имаат пристап до голем дел од медицинските производи присутни на европскиот и на светскиот пазар. „Македонијалек“ посветува особено внимание на изборот на добавувачи.

Покрај основното барање при нарачката, односно добавувачите да се регистрирани и способни да ги задоволат потребите и очекувањата на „Македонијалек“ и нејзините клиенти, особено внимание се посветува на деловниот морал и набавка само на производи кои ги поминале сите потребни контроли и регистрации.

Карактеристиките на производот се верификувани од најреспектабилните институции за контрола и регистрација на лекови и медицински производи.

Брза, навремена и квалитетна услуга. Лек за секого, во секое време и на секое место.

Фокус на клиентите

Клучот за нашиот успех е разбирањето на желбите и потребите на клиентите, па затоа е императив да ги разбереме нивните сегашни и идни потреби, да ги исполниме нивните барања и да се стремиме да ги надминеме нивните очекувања.

Мисија

Наш императив е да креираме модели со кои директно и индиректно ќе влијаеме во подобрување на квалитетот на животот на нашите вработени, нашите партнери, соработници и потрошувачи.

Да создаваме услови и бизнис-клима со кои директно ќе влијаеме на подигање на квалитетот на здравствениот систем генерално.

Да бидеме лидери и промотори на нови вредности во полето на заштита на здравјето и на квалитетот на животот на секој човек.

Брза, навремена и квалитетна услуга. Лек за секого, во секое време и на секое место. Тоа е мисијата на „Македонијалек“.

Визија

Нашата визија е да останеме на патот на којшто сме.

Лидери во сегментот на узоз, застапување, промоција, чување и дистрибуција на лекови и широка палета на производи наменети за здравје и за нега.

Отворање нови пазари, нови партнерства и воведување и следење на највисоки и најсовремени технологии и деловни стандарди.

Вредности

„Македонијалек“ во контекст на својата компаниска и деловна култура целосно е посветена во градење на доверба и почитување пред сѐ на своите вработени, своите партнери и соработници како и кон почитување на општеството, општествено одговорните практики, и негување и развивање на висока еколошка свест и совест за работната и животната околина.

Угледот и честа на „Македонијалек“ се градени со децении, и заедно со интегритетот кој го имаме изгредено ни овозможуваат постојан раст во реализација на нашата мисија и визија.

Квалитет

Следејќи ја добрата дистрибутивна практика и добрата практика на складирање, осигуруваме услови потребни за обезбедување на соодветен квалитет, безбедност и ефективност на лекови и други производи до нашите клиенти и крајни корисници.

За да го постигнеме ова, користиме добар систем на обука на вработените и ефективно управување со промените, проценка на ризикот на процесите во однос на квалитетот на производот, внатрешна ревизија и континуиран мониторинг врз ефективноста и ефикасноста на процесите.

Организација